На компјутерскиот томограф во велешката болница имало 297 снимања за 45 дена

Во велешката ЈЗУ Општа болница има голем интерес за снимање на компјутерскиот томограф, што по поправката пред месец и половина повторно беше пуштен во употреба, информира за МИА, портпаролот Марина Андова.
За месец и половина направени се 297 снимања на пациенти од Велес и Чашка, како и поширокиот регион од Повардарието: Свети Николе, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, и речиси цела Источна Македонија: со пациенти од Македонска Каменица, Кочани, Пехчево, Виница, Радовиш, Пробиштип, Берово, Богданци, а имало и пациенти и од Крушево. Од друга страна, и специјалисти од Скопје упатувале на томографско снимање во велешката болница,информира Андова.
-Се снима скелетно – мускулен систем, контрасни методи, глава, бели дробови и стомак, а снимањето е според „Мој термин“.Одделението сега има пет лекари и десет радиолошки технолози, а наскоро треба почнат со работа и нови лекари. Планираме томографот место до 13 часот да работи нон стоп – 24 часа, а за што ние навреме ќе ги информираме пациентите и јавноста ,најави Андова,
Инаку по една година неработење компјутерскиот томограф во велешката ЈЗУ Општа болница проработе на 18 септември годинава, откако со средства од Министерсвото за здравство во висина од 100 илјади евра, потрошената катодна цевка беше заменета со нова.
Ново на Сител
-

ФФМ го казни својот поранешен претседател Сејдини поради финансиска измама
-

23-годишна кумановка со авотмобил удрила во 7-годишно девојче и тешко го повредила
-

Две лица, едниот од нив 18-годишник, извршиле тешка кражба во викендичка во Велес
-

Кривична за четири лица, меѓу кои двајца полицајци; за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат лични документи
-

Судење „Штекли“: Презентирани форензички вештачења и ДНК анализи, обвинителството тврди дека групата била строго хиерархиска
-

15-годишник нападнат од женско лице во Кисела Вода
-

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат договорот со Владата за зголемување на платите
-

Пријава за кавадарчанец, се заканувал преку коментар на страницата на МВР
