На каталонските сепаратисти им се заканува кривично гонење
Шефот на пратеничката група на Народната партија на шпанскиот премиер Маријано Рахој во каталонскиот Парламент, Ксавиер Албиол ги предупреди функционерите кои се залагаат за отцепување на Каталонија дека ќе бидат кривично гонети, доколку продолжат со плановите да прогласат независност.
- Ако мислите дека ќе ви суди историјата, тогаш грешите. Судот на правдата ќе ви суди, рече Албиол за време на парламентарна седница обраќајќи му се на каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон и другите приврзаници на независност на Каталонија.
Регионалните пратеници, кои го поддржуваат отцепувањето од Шпанија, преговараат за деталите за официјално прогласување независност, кое, според неофицијални најави, може да се случи денеска.
Според правните експерти, поради усвојување на ваква декларација шпанските судови би можеле да ги обвинат каталонските сепаратистички лидери за бунт.
- Историјата ќе покаже дека сте извршиле државен удар. Утре сигурно ќе се обидете да го постигнте врвот на вашиот државен удар, рече синоќа Албиол.
Ново на Сител
-
Роби Вилијамс повторно во битка со депресијата
-
ФЗОМ: Нулта толеранција кон какви било облици на криминално однесување, вклучително и во сопствените редови
-
Хуманитарна изложба „Бои на надеж“, средствата ќе се донираат за настраданите во Кочани
-
Еден повреден во пожарот во Кочани се враќа од лекување во странство
-
Македонец фатен во Србија со 3 грама марихуана, мора да плати 100.000 динари за хуманитарни цели место кривична пријава
-
Пијан го возел на трактор своето 12-годишно дете и подолг период го изложил на ладно време
-
Истрага за 43 лица за измами со „брзи кредити”, невработени лица ги прикажувале како вработени и кредитоспособни
-
Уапсени двајца скопјани, се тепале пред Градски стадион