На Јовиќ му се закануваат шест месеци затвор, покренато обвинение
Првото основно јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, обвинувајќи го за кршење на самоизолацијата во Србија во март годинава.
Тој е обвинет за кривично дело непочитување на здравствените прописи за време на епидемијата, прецизираа од обвинителството за „Танјуг“.
Со обвинението, обвинителството му предложи на судот Јовиќ да биде осуден на шест месеци затвор.
Кривичната пријава против Јовиќ беше поднесена во текот на првата недела по воведувањето на вонредната состојба, откако тој требаше да помине две недели во самоизолација по враќањето во Белград, што не го стори.
До обвинението дојде затоа што фудбалерот не се согласил на можноста – отфрлање на кривичната пријава, со плаќање на глоба од 3,5 милиони динари.
Ново на Сител
-
Повреден пожарникар при гаснење на пожарот Чаир
-
СДСМ: Намалена просечната плата за 1.000 денари
-
МНР и НТ со осуда за иранскиот ракетен напад врз Израел и терористичкиот напад во Тел Авив
-
Гори зграда во Чаир, неколкумина повредени и евакуирани над 100 станари
-
Во Берово најстудено, температура под нулата
-
Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени низ градот
-
Собранието ќе ја започне 16. седница
-
Седница на Уставен суд