На инфективните оддели во земјава се лекуваат 625 пациенти со Ковид-19
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ градовите во земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 377 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 23 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 28 болни, а во Куманово 48 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.
Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 54, во ковид – центарот во Гостивар осум, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 28 пациенти, во Кочани пет, во Кичево осум, Кавадарци 31, во Гевгелија четири лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 625 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Приведен крадец баран со потерница
-
Автобус се излизга во Сопиште
-
Честитка од ВМРО-ДПМНЕ до верниците кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Авион со 67 патници се урна во Казахстан | ВИДЕО
-
Два пожари во Кумановско - штетата допрва ќе се утврдува
-
Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина; тројца ранети во Харков
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов