На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 116 пациент позитивен и суспектен на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 68 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 86 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 88, во ковид центарот во Гостивар 27, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 59 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 30, Кавадарци 50, а во Гевгелија 19 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1422 и има околу 520 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Јаневска: Дел од приватните факултети штанцаат дипломи – тоа е јавна тајна
-
Во 22 од 34 општини нема минимум зеленило според законските стандарди, покажа ревизорскиот извештај
-
Лидерите на верските заедници потпишаа декларација за борба против насилен екстремизам
-
Преглед на вестите од светот
-
12 години затвор за Васил Јованов, таткото на Фросина ја напушти судницата
-
Таравари оди во опозиција - Кој ќе го земе Министерството за Здравство?
-
Јаневска: Јавна тајна е дека дел дипломите кои ги добиваат студентите не се заслужени
-
Над 2000 медицински сестри лани ја напуштиле државата