На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 587 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 587 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 42 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 55 пациенти, во Прилеп 93, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 5 во Кичево 6, Кавадарци 68, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1015 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има г увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Палчо ќе сведочи на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Кочани денеска ќе добие привремен градоначалник, 45 лица осомничени за пожарот во Пулс
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски
-
Таравари со последни информации за повредените во Кочани
-
30% од децата од 6 до 9 години се со прекумерна тежина
-
Тема на денот со Венко Крстевски, независен советник и кандидат за в.д. градоначалник на Кочани
-
Притвор за четворица, куќен за шестмина ново осомничени за пожарот во Кочани
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во старата Градска болница