На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 330 пациенти, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 330 пациенти позитивни и суспектен на коронвирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 26 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 35 пациенти, во Прилеп 34 во ковид центарот во Гостивар 18, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 23 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610 и има околу 603 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија
-
И најмладиот син на Трамп влегува во политика
-
Загина 62-годишен маж од Неготино откако се преврте со трактор
-
Обид за убиство во гостиварско