-->
-->
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 149 пациенти, слободни кревети има
-->
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 149 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 17 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 5 пациенти, во Велес се лекуваат 12 болни, а во Куманово 30 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 24 пациенти, во Прилеп 9, во ковид центарот во Гостивар 1, а во Струга 10 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациент, во Кочани 3 во Кичево 7, Кавадарци 3, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 249 и има околу 538 празни болнички кревети во ковид центрите.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Со почит,
Одделение за односи со јавност
Министерство за здравство
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
-

Алиу: Отворен Центар за третман на дебелина кај децата на Детската клиника
-

Ѓорѓиевски: Темелна реконструкција на улица „Загребска“ и изградба на потпорен ѕид
-

Над 16 илјади казни за еден месец, најмногу за брзо возење, одземени 238 возила
-

Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство
-

Судење за „Онкологија“: Препишувањето неделотворни лекарства довело до штета на буџетот
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари по литар - бензините поскапуваат за 0,50 денари по литар
-

Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
