На инфективните одделенија во земјава се лекува 881 пациент, слободни кревети има
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 881 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 126, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 24, во Кичево 20, Кавадарци 46, во Гевгелија 17 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1326 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
Ново на Сител
-
Контролирани 16 угостителски објекти, три се затворени - два во Тетово, еден во Гостивар
-
Претстои променливо облачно време со повремен дожд, од среда наместа поројни врнежи, грмежи и силен ветер
-
Силна експлозија уништи зграда во областа Монтеверде во Рим
-
Папата денеска се појавува во јавноста за прв пат откако беше хоспитализиран
-
Неправилности утврдени кај 11 правни и 10 физички лица кои вршат превоз на патници и стоки
-
Додик: Повторно се кандидирам за претседател, ќе спроведеме избори на ниво на РС
-
Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета истрелана врз Израел од Јемен
-
Во УКЦС во Белград се 17 пациенти од пожарот во Кочани, двајца се на механичка вентилација и двајца оперирани