-->
-->
На инфективните одделенија во земјава се лекува 701 пациент, слободни кревети има
-->
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат 549 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во регионалните центри во Битола и во Штип се хоспитализирани дополнително 152 болни, со што вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на КОВИД -19 вирусот кои болнички се лекуваат на инфективните одделенија е 701.
Во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат и дополнителни легла.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 83 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 69 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица лежат 80 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.
Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.134 и има колку 100 празни болнички кревети во ковид центрите.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.
И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз