На Инфективна хоспитализирани 10-тина пациенти со компликации од грип
Десетина пациенти со компликации од грип се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Кај тројца од нив е потврден и Ковид, информираат од министерството за здравство. Во оваа установа поради потреба од респиратор денеска е префрлена и пациентка од пулмологија на која вирусот и ја влошил состојбата.
- Има една пациентка во една навистина тешка состојба, со пореметување на самата респирација но и на свеста и преговараме со Клиниката за инфективни болести евентуално да ја земат, бидејќи веројатно на неа ќе и треба респиратор. Пациентката е позитивна на инфлуенца, изјави проф. д-р Дејан Докиќ, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија.
- Нема простор за паника, се е под контрола и се следат сите упатства од Комисијата за заразни болести, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.
Денеска на Клиниката за пулмологија е отворен нов дијагностички центар. На едно место ќе се дијагностицираат и третираат болести на белите дробови.
- Посебно е значајно што со отворањето на овој центар двојно ќе се зголеми бројот на бронхоскопии и ЕХО прегледи кои ќе се вршат тука на оваа клиника, рече проф. Докиќ.
Новиот дијагностички центар е сместен веднаш до амбулантите на Пулмологија, а просториите се комплетно реновирани.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар