На илјадници Јужносуданци им се заканува глад поради блокада на Нил

На илјадници цивили во регионот Горен Нил во Јужен Судан им се заканува глад откако Владата го блокира пристапот за хуманитартните организации, кои по речен пат доставуваа помош.
- Сообраќајот по Нил е „привремено суспендиран“ од безбедносни причини, бидејќи бунтовниците ја користат реката за да ги напаѓаат воените бази долж брегот, изјави портпаролот на јужносуданската армија Филип Агер.
Портпаролот на Канцеларијата на Обединети нации за координација на хуманитарни прашања Тапива Гомо изјави дека од 30.000 до 35.000 раселени цивили во селото Вау Шилук на западниот брег на Нил се соочува со „загрижувачка“ ситуација.
Директорот на Лекари без граници во Јужен Судан, Шинџиро Мурата изјави дека во клиниката во Вау Шилук 77 деца се лекуваат од акутна неухранетост бидејќи останале без соодветна храна. Тој тврди дека веќе еден месец немаат примено хуманитарна помош.
- Во Малакалу уште 30.000 луѓе, кои се сместени во база на ОН, ќе останат без храна доколку не им се дозволи на бродовите да тргнат од главниот град на Јужен Судан, Џуба, изјави потрпаролот на Светската програма за храна Џорџ Фомињен.
Нил е главна транспортна рута во Јужен Судан, но реката во моментот е линија на фронтот во Горен Нил меѓу бунтовниците на запад и владините сили на исток.
Ново на Сител
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
