На Хаити поплавени илјадници домови
Илјадници домови се поплавени, а околу 2.500 семејства се раселени на Хаити поради обилните дождови што ги излеаја реките, при што спасувачките тимови ги евакуираа луѓето од зоните со висок ризик, соопшти локалната Служба за цивилна заштита.
Речиси 36 часа дожд доведоа до поплави, пред сè во северниот дел на оваа карипска земја, поплавувајќи го историскиот центар Кап-Хаитиен, а силните ветрови уриваа дрвја, соопшти цивилната заштита.
На Хаити често се случуваат природни катастрофи, условите за домување во кои живеат граѓаните се претежно лоши, а во областите подложни на поплави најчесто живеат сиромашни и густо населени заедници.
Околу 300.000 луѓе загинаа во голем земјотрес во 2010 година, а повеќе од 2.000 минатата година во земјотрес на јужниот полуостров на земјата.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Со неверување ја примив информацијата за запрената постапка за мазутот
-

Подготвен нов закон за природа
-

Првото „ФИФА Арена“ игралиште во Македонија отворено во Општина Босилово
-

„Калиманци“ полна, каналите стари, стартува наводнувањето во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
