На граничниот премин Богородица се чека десетина минути

На граничниот премин Богородица денеска за излез и за влез во земјава се чека десетина минути, соопштија од дежурната служба на граничната полиција.
Толку време им е потребно на граничните органи да ги обават задолжителните формалности и патниците да го продолжат патувањето. Ваквата релаксирана состојба, велат дежурните на Богородица, веројатно се должи на фактот што само четврток е неработен ден па поради тоа во голема мерка изостануваат македонските туристи.
Ниту во раните утрински часови немало налет на поголем туристички бран, но за секој случај нашите погранични работници се екипирани да бидат ефикасни и во поголема гужва.
На грчката страна од границата исто така нема поголемо задржување од петнаесетина минути што се смета за нормално во екот на туристичката сезона.
Ново на Сител
-

Турција испраќа авиони Ф-16 во Естонија за заштита на воздушниот простор над Балтикот
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Две лица загинаа во вооружен инцидент во Сиетл
-

Гостивар денеска треба да добие технички исправна вода
-

Дополнетиот ребаланс на Буџетот на пленарна седница
-

Зеленски одобри план за за повеќе операции со долг дострел во Русија
-

Израел ќе дозволи влез на меѓународни сили во Појасот Газа
-

Почина познатиот актер Гоце Тодоровски
