-->
-->
На ГП Табановце се чека околу еден час, на Богородица околу 30 минути
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2022/july/tabanovce-granichen-premin-9-350646.jpg?itok=kg5Wopjw)
Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце за влез во државата се чека околу еден час, додека на ГП Богородица за излез од државата околу 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Магистралниот пат Охрид - Ресен затворен за сообраќај поради незгода
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми