Македонија
5. July 2022 - 8:00

На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на Богородица околу 15 минути за влез и излез од државата

– Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање на ГП Табановце за влез во земјава е околу 30 минути, а на ГП Богородица за излез околу 15 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.