-->
-->
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-->

На граничниот премин “Ќафасан”, кај Струга, албанската полиција спречила шверц на лекови од македонска територија и уапсила жител на Поградец.
- Граничната полиција на преминот “Ќафасан” уапси 31-годишен маж, идентификуван како Фатјон Вешо, кој се обиде да прошверцува од македонска на албанска територија лиценцирана стока, која ја сокрил во возило, стои во полициското соопштение.
Се додава дека при детален преглед на возилото откриени биле пакувања со лекови за чиј увоз е потребна посебна дозвола.
Уапсениот се обидел да ги внесе во Албанија без да ги пријави, спротивно на важечките закони. Приведениот Ф.В. ќе одговара за сторено кривично дело „Криумчарење лиценцирана стока“, пред Основниот суд од општа надлежност Корча.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
