На Џастин Бибер му е продолжен рокот за извршување на казната

Тинејџерската ѕвезда Џастин Бибер е осуден на две години условно и пет дена општествено корисна работа, бидејќи во 2014 година кон соседите фрлал со јајца во Лос Анџелес.
Со оглед на тоа дека пејачот е осуден на пет денови општествено корисна работа и ако тоа не го заврши во определениот рок, ќе биде уапсен.
Сепак, Џастин го повреди глуждот и не е во можност да одработи пет дена социјално корисна работа која опфаќа бришење графити, чистење и друга физичка работа.
Со оглед дека беше повреден, Бибер не се појави вчера на судењето, па поради повредата му е продолжен рокот за извршување на казната иако судијата рече, дека ќе го уапси пејачот, ако не заврши на време.
Освен изречената казна, Судот во Лос Анџелес на Џастин Бибер му наложи на соседите чии куќи биле оштетени од фрлање јајца да им исплати 73.000 долари.
Според зборовите на полицијата, предизвикана е голема штета на куќите кои биле жртви на непримерното однесување на Џастин.
Иако не изгледа како некое сериозно кривично дело, секако дека е, затоа што е нанесена сериозна штета.
Ново на Сител
-

Eлектрични тротинети ќе возат само полнолетни, не побрзо од 20 км/ч
-

Тема на денот со Дарко Костадиновски, претседател на Уставен суд
-

Пратениците не ја прифатија интерпелацијата за работата на министерот Тошковски
-

Преглед на вестите од светот
-

По третпат интерпелација за Тошковски во Собранието
-

Бугарскиот амбасадор повикан во македонското МНР за дипломатската нота за семејството на премиерот
-

„Везилка“ почнува со работа
-

Филипче: Загрозен вториот пензиски столб, дупката во ПИОМ е 40%
