На два пункта во Кавадарци се собира помош за настраданите во скопско

На два пункта во Кавадарци се собира помош за настраданите од невремето во Скопско. Едниот пункт е во Црвениот крст, а другиот на градскиот плоштад.
Како што информира Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвениот крст, пунктовите ќе бидат отворени секој ден во наредните неколку дена, од изутрина до околу 16 часот, а по потреба тој временски период може да биде и продолжен.
- Собраната помош континуирано се доставува. Да донираат помош се заинтересирани и поголеми компании и дисконти, соопшти Каракулев.
Во организација на Црвениот крст и ноќниот клуб „Експрес кафе” синоќа беше организирана донација на финансиски средства за настраданите од невремето. Хуманата акција ќе продолжи и во четирите денови од наредниот викенд.
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
