На Деве Баир се враќаат патниците од високоризични земји, затворен преминот со Србија, Голеш-Мала Црцорија

Фреквенцијата на патници и возила кои минуваат низ граничниот премин Република Македонија- Република Бугарија кај Крива Паланка, Деве Баир е намалена, а граничните службеници ги враќаат назад патниците кои доаѓаат од високоризичните земји.
Од Полициската станица за гранична проверка и граничен надзор Регионален центар Исток кај Деве Баир, информираат дека сите патници кои доаѓаат на преминот од Република Бугарија, а пристигнуваат од високоризичните држави не се пропуштаат за влез во државата, односно, се враќаат назад, освен македонските државјани на кои им се укажува дека мора задолжително да бидат во четиринаесетдневна самоизолација.
Оттаму посочуваат дека на организираните групи кои патуваат кон ризичните земји исто така не им се дозволува да излезат од државните граници.
Согласно препораките на сите патници кои влегуваат во државата им се прави анкетирање за нивното патување и се врши проверка за Ковид-19.
На официјалната веб-страница на Општина Крива Паланка стои соопштение во кое се информираат граѓаните дека Република Србија ги затвори граничните премини Прохор Пчињски и преминот кој припаѓа на територија на општина Крива Паланка, Голеш- Голема Црцорија.
–Се известуваат граѓаните да не патуваат кон Република Србија преку граничните премини Голеш- Голема Црцорија и Прохор Пчињски, бидејќи тие привремено се затворени од страна на Р. Србија. Оваа мерка е преземена поради појавата на коронавирусот и опасноста од неговото ширење, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
-

Сиљановска-Давкова: Нашата човечка големина не е во совршеноста и безгрешноста, туку во храброста да признаеме грешка
-

Максим Димитриевски до СДСМ: Внимавајте да не ви се јави и ЗНАМ 3.0 !
-

Кои се тројцата луѓе во светот што можат да патуваат без пасош?
-

Мицкоски разговараше со Рубио во Њујорк: Потврдена важноста на стратешкото партнерство и на континуираниот политички дијалог со САД
-

Поради промена на Судечкиот совет, судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“ почнува од почеток
