На Детската клиника ќе се вработат уште 20 медицински сестри
Уште 20 медицински сестри ќе се вработат на Универзитетската Клиника за детски болести.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во текот на вчерашниот ден стигнале согласностите за вработување на 20 медицински сестри на Детската клиника со што, како што рече, значително се подобрува капацитетот на оваа јавна здравствена установа.
- Како Влада остануваме посветени на подобрување на персоналниот капацитет секаде каде што треба во јавните здравствени установи, додаде Филипче по примопредавањето на донацијата апарат кој го олеснува дишењето кај предвремено родените бебиња со поддршка на Германската амбасада и проектот Хопе.
Директорката на Детската клиника, Катарина Ставриќ рече со овие 20 медицински сестри за кои е добиена согласност за вработување и претходно вработените 20 медицински сестри, ќе бидат 40 медицински сестри и се зајакнува кадарот на Клиниката.
- Се надеваме дека ќе успееме и доктори, педијатри да вработиме и навистина да го подигнеме квалитетот на здравствената грижа. Опремата е едно, меѓутоа кадарот е исто така многу важен. Тука има улога и проектот Хопе во поглед на постојаната едукација на кадарот за постигнување на врвни успеси, додаде Ставриќ.
Ново на Сител
-
30-годишна струмичанка нападната од женско лице по недоразбирање во сообраќајот
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца
-
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад