Живот
29. March 2017 - 17:42

На детето му дал име на нацистички лидер, сега го менува и презимето!

Врховниот судија го одобрил барањето на Исидор Хит Кемпбел за промена на презимето. Откако на синот му дал име Адолф, а на ќерката Еве Браун, сега благодарени на нивниот татко, самопрогласен нацист, децата добиле и презиме Хитлер.

- Добив име на херој - рекол Кемпбел откако судијата на Врховниот суд Мајкл О'Нил го одобрил барањето за промена на презимето.

Покрај злочинот во Втората светска војна, Кемпбел вели дека Хитлер бил херој затоа што ја спасил Германија, ја кренал економијата, изградил патишта, обезбедил повеќе работни места, се грижел за германскиот народ. Занимливо, модерниот Хитлер за него е Трамп кој се грижи за народот.

- Само Трамп внимава на американскиот народ, останатите само седат во канцелариите и ги полнат своите џебови со пари - вели Кемпбел.

- Поради децата, Адолф Хитлер и Ева Браун, со години веќе е мета на социјалните мрежи. Во судот во Њу Џерси 2009 било првото рочиште кога на родителите сакале да им ги одземат децата.

Вниманието прв пат го привлекле во 2008 г. кога супермаркет одбил да направи роденденска торта за 3-годишниот син со натпис "Среќен роденден Адолф Хитлер".