На денешните протести во Франција над 1,8 милиони демонстранти, тврдат синдикатите
Француското Министерство за внатрешни работи тврди дека на денешните протести имало 615.000 демонстранти ширум Франција против реформата на пензискиот систем, додека синдикатите тврдат дека имало 1,8 милиони, јавува дописникот на МИА.
Во моментот кога во Париз заврши дефилето на синдикатите, полицијата одвреме на време испукуваше солзавец, но з сега не се забележани судири.
Според префектурата, 27 лица биле уапсени и биле извршени 3759 превентивни контроли.
Додека дел од синдикатите бара повлекување на реформата или нејзината измена, премиерот Едуар Филип пред Националното собрание истакна дека Владата не отстапува од реформата и таа „целосно е определена да ја спроведи”.
Штрајкот во јавниот превоз продолжува и понатаму, со сериозен ризик дека тој може да го наруши заминувањето за Обичните одмори.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството