Македонија
27. September 2017 - 17:53

На денешен ден пред 20 год. е подигнат и осветен највисокиот крст на Балканот, во манастирскиот комплекс Света Троица во село Скачковце

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Воздвижение на Чесниот Крст, празник на пост и покајание кој во народот е познат како Крстовден. Овој ден се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос, наречен Чесен Крст.

Пред 20 години во кумановското село Скачковце е поставен крст висок 13 метри токму во чест на денешниот празник, а самиот манастирски комплекс на „Света троица“ е свето месо дури од 13 век, раскажува Прота Стојан Пајковски.

- Пред 20 години го возобновив оваа камено крвче на кое паѓале и силни царвеи и клисари и цареви, господари, сите тука рпед Бога сме еднакви. Славејќи го денот на крстот ние се поклонуваме на чесниот и животворен крст кој за нас христијаните е знаме, надеж и наше спасение. Крстот е сила со кој се победуваат демонските вражбини, крстот е наша надеж и целиот живот на човекот почнува од крстот, од свето крстение до гостински живот во вечноста, затоа тука доаѓаат река луѓе од Македонија и од насекаде да се поклонат пред крстот да го отпеат спсоносниот тропар за слава и чест на Светата Троица, вели Прота Стојан Пајковски.

Крстот кој го краси селото Скачковце во далечната 1997 бил еден од највисоките на балканските простори, 13 метри во чест на 12-те апостоли и Исус Христос.

- Крстот во тоа време, пред 20 години беше прв крст на Балканот висок 12 метри плус едно метро, 13 сврзано со 12 свети апостоли и еден господ, Исус Христос кој е татко на сите нас и ние сме негови деца и затоа имаме должна почит зошто Христос со својата смрт не само што смртта ја победи туку тој го освети и крсното дрво засекогаш да го имаме како наш симбол и белег во православието. Седумте краци од крстот се седум свети тајни и божествената природа и природата на човекољубието на Господ кој дојде заради нас е симболично претставен на оваа симболично место кое уште во катастарските книги во Македонија и пошироко се нарекува крсно место „Света Троица“, раскажува Прота Стојан.

Крстот е во рамките на манстирскиот комплекс „Света Троица“ кој освен духовно, оваа кумановско село го збогати и на туристички план. Голем број верници во селото Скачковце доаѓаат да уживаат во благодетите на божјиот мир.