На дебранец во пожар му изгорело огревното дрво
![]()
Во пожарот кој синоќа избувнал во помошна просторија до куќата на дебранец, во населбата „Намазјар“ во близна на центарот на градот, изгорело огревното дрво кое го набавил за зимската грејна сезона.
-Вчера околу 18:30 часот, во куќа на улицата „ 1 мај“ во Дебар сопственост на М.Г. се случил пожар. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот се појавил во просторија каде биле складирани дрва за огрев кои целосно изгореле, а потоа пожарот се проширил на кровната конструкција,изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.
Благодарение на брзата интервенција на дебарската територијална противпожарна единица, пожарот е локализиран навреме, со што било спречено пламените јазици да ги зафатат и соседните куќи.
Истрагата ќе утврди кои се причините за избувнувањето на пожарот.
Ново на Сител
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
-

Меси: Дадов сè за Аргентина
-

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Турција, Алпер Акташ
-

Уапсен 32-годишник кој украл вкупно 12 велосипеди на подрачјето на Скопје
-

Уапсен вишиот јавен обвинител од Битола, Пецо Везироски
-

Николоски: Владата работи на развој на Коридорите како стратешка предност за економска и политичка стабилност
-

Мицкоски: Ќе дојде денот кога лидерите од опозицијата ќе се срамат од тоа што им го прават на Македонија и Македонците
