На Дебарско Езеро обука за спасувачи на вода
На Дебарско Езеро во тек е обука на спасувачи на вода, која ја спроведуваат искусни нацинални инструктори.
- На обука се десет млади дебарчани и истата се одвива според планираната динамика. Потоа ќе полагаат и ќе добијат соодветен цертификат, вели Горан Миланоски, национален инструктор за спасувачи на вода.
Оваа активност ја реализира Општинската организација на Црвен крст на Дебар, во соработка со татковинското друштво „Дибра“ на дебарските иселеници во САД.
- Благодарение на споменатото друштво конечно на Дебарско Езеро ќе има спасувачи на вода. Нашинците од САД ги обезбедија финансиските средства за престојот на спасувачи на брегот на Дебарско Езеро во текот на летната сезона, вели Исни Телќиу секретар на дебарскот Црвен крст.
На брегот на Дебарско Езеро во летниот период дневно има со стотици капачи, за време на викендите и околу две илјади и функцинрањето на спасувачка екпа е неопходно.
Телќиу потсетува дека пред десеттина години организацијата имала свои обучени спасувачи на вода и нормално функционирала екипа на брегот на езерото.
Но, додава тој, поради недостиг на потребните средства, изминатите неколку години, дебарските спасители наместо на Дебарско биле ангажирани на брегот на Охридско Езеро.
Сега, според Телќиу, ќе се комплетира потребната бројка и се очекува што побрзо ќе почне со својата активност.
Ново на Сител
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции