Живот
2. January 2019 - 12:49

На цело семејство им купил домашен ДНК тест, па се шокирал од семејната тајна

Американец доживеал непријатно искуство кога си купил еден ваков тест за себе , а другите им ги подарил на своите родители и на братот и сестрите. Веднаш откако ги отвориле подароците, мајката многу се вознемирила и им рекла да не прават ДНК тест, зашто имало во нив штетни хемикалии.
Но, кога видела дека оправдувањето не е во ред, излегле од собата со таткото и потоа се скарале.

На крај, морала да ја раскаже вистината. Таткото на најстарата сестра на Американецот се разболел и починал. Неговиот најдобар пријател ѝ помагал на мајка му, по што се зближиле и се венчале.

Другата сестра и братот се од истиот татко, додека најстарата не е. Сепак, приказната имала среќен крај, зашто оваа семејна вистина уште повеќе го зближила семејството