-->
-->
На бугарско-македонската граница уапсени џихадисти од Косово, поседувале снимки со отсечени глави
-->
Албанци на возраст од 20 до 25 години синоќа биле уапсени во бугарското село Каменичка Скакавица во близина на Ѓуешево на границата со Македонија. Во нивните мобилни телефони биле откриени видеоснимки со отсечени глави и молитви кои ги користат џихадистите и реклама за ИД, јавуваат бугарските медиуми.
Началникот на граничната полиција во Ќустендил Васил Митов потврдува дека се уапсени петмина странски државјани, но не изнесува повеќе детали.
Албанците патувале со автомобил, а вниманието на полицијата го привлекле кога се обиделе да ги подмитат полицајците кои ги запреле.
По приведувањето Окружното обвинителство во Ќустендил им одредило задржување од 72 часа.
Овој случај го презедоа припадниците на Бугарската државна агенција за национална безбедност, кои по сослушувањето утре ќе ги изведат Албанците пред судот во Ќустендил заради одредување притвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Англија и Данска одиграа нерешено
-
Шпанија ја совлада Италија и обезбеди осминафинале
-
Спасен холандски турист со скршена нога кај Елшани
-
Даку: Ако навредив некого по мечот со Хрватска, барам прошка
-
Еруптираше вулканот на Камчатка
-
Белгиските власти открија измама со средства за социјална помош пренасочени кон Бугарија
-
Почина прим. д-р Илија Антоновски
-
Маж каснат од змија во Идризово