-->
-->
На Британија викендов и се заканува најсилно невреме од 2013 година
-->

Велика Британија викендов ќе ја погоди најсилното невреме од 2013 година, наречено „Кијара“, а британската метеоролошка служба издаде предупредување дека невремето може да биде „опасно по живот“.
Според „Индепендент“, се очекува невремето низ целата земја да донесе силен ветер од 80 до 96 километри на час. Во некои делови се очекува да достигне и максимум од 128 километри на час, поради што постои ризик од повреда од предмети што ги носи ветерот.
Бурата, исто така, може да предизвика оштетувања на зградите и а ќе има и големи бранови на брегот.
Обилните врнежи од дожд, исто така, се очекува да предизвикаат поплави во северните делови на Англија и Велс.
Метеоролошката служба издаде низа предупредувања, ефективни од сабота навечер до вторник попладне, за да обезбеди јавноста да биде подготвена за нарушувања во сообраќајот и другите услуги.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
