На брегот на Бразил протекоа сто тони нафта, закана за плажите во 42 града

На североисточниот брег на Бразил протекоа повеќе од 100 тони нафта, што претставува закана за екосистемот на плажите во 42 града.
Министерот за животна средина на Бразил, Рикардо Салес изјави дека властите веќе еден месец преземаат мерки за заштита за да спречат помор на риби и други морски видови.
Нафтата во морето е откриена откако беа пронајдени мртви желки, а пливачите и рибарите беа отстранети од загаденото подрачје.
Нафтата е пронајдена на 105 места, а во тек е истрага за причините за загадувањето.
Бразилската нафтена компанија „Петробрас“ соопшти дека не станува збор за нафта од нејзините постројки.
Претседателот на Бразил Жаир Болсонаро рече дека нафтените дамки на плажите во североисточниот дел на земјата не се од локално потекло.
– Тоа може да биде криминално злосторство, може да биде случајно протекување, а може и од брод кој потонал. Во нашите радари имаме земја која можеби е извор на овој протек и ние ќе продолжиме да правиме најдобро што можеме, рече Болсонаро.
Ново на Сител
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
-

Зеленски е подготвен за директни преговори со Путин во Турција
-

Иран соопшти дека ја разгледува можноста Ормуз да биде отворен според план што би се реализирал во рок од два дена
