Македонија
15. December 2020 - 9:59

На „Блато“ уапсен 25-годишен Албанец за издржување затворска казна

Вчера во 11.00 часот на Граничен премин „Блато“ од полициски службеници бил лишен од слобода Б.Р.(25) од Р.Албанија, бидејќи при извршена гранична контрола било констатирано дека пријавениот е предмет на потрага по донесени пресуди од Основен суд-Дебар за издржување затворска казна, информираат од МВР.

Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Дебар за понатамошна постапка и спроведување во Казнено поправна установа „Идризово“.