На „БитФест“ гостува аргентинскиот композитор и пијанист Маурицио Анунциата
По синоќешниот концерт на светски познатата оперска певица со битолско потекло Ана Синицки, Битолското културно лето вечер продолжува со настап на аргентинскиот композитор и пијанист Маурицио Анунциата.
Анунциата е композитор на автодидакти. Дипломирал компјутерски науки на Универзитетот во Аквила во Италија со тезата „Автоматски систем за музичка анализа" и создал нов, сеопфатен модел на уметничка форма - лирска опера мултимедија.
Од „БитФест“ информираат дека Анунциата добил почести од неколку влади, а неговата опера „Енигма на афро-аргентинците“ (The enigma of the Afro-argentineans) од УНЕСКО е прогласена за опера од светски интерес.
Гостинот од Аргентина компонирал 150 дела, вклучувајќи симфонии, концерти, опери, камерна музика и многу композиции за пијано и филмска музика.
Во Битола вечер тој ќе презентира еден рецитал, аргентинска музика, шпанска музика, унгарски рапсодии, но и пијано соната број 8 „Македонија“ со четири посебно обработени музички теми.
Ново на Сител
-
Стартува Новогодишната кошничка - Граѓаните се жалат на високите цени
-
30 години информативна редакција на Сител со Младен Чадиковски
-
30 години информативна редакција на Сител со Анета Додевска
-
30 години информативна редакција на Сител со Емилија Андоновска Пападимитров
-
30 години информативна редакција на Сител
-
30 години информативна редакција на Сител со Драган Антоновски
-
30 години информативна редакција на Сител со Борјан Јовановски
-
30 години информативна редакција на Сител со Јадранка Костова