На „Ало докторе“ 1.468 повици за една недела

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ (02/15 123) минатата недела се регистрирани 1.468 повици, а од отворањето на линијата 90.596, соопшти Здрваствен дом Скопје.
Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето. За медицински совет се достапни 25 доктори. Повиците се од сите градови на Македонија.
- Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто за покачен крвен притисок, главоболки, настинки, алергиски реакции, убоди од инсекти, симптомна болка и совети поврзани со хронични болести и состојби предивикани од променливото време. На сите оние лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија, соопштуваат од Здравствен дом Скопје.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
