На 61 година има нежна и мазна кожа, а се негува со наједноставниот препарат на светот
Впечатливиот модел Јаземенах Роси, на којашто вратите од модната индустрија и се отвориле дури кога наполнила 45 години, токму благодарение на својата бела коса и речиси совршена кожа, уште од тогаш е исклучително атрактивна, а денес малку кој може да поверува дека таа има 61 година.
Таа открила дека за тоа може да му биле благодарна на здравиот животен стил, а посебно на маслиновото масло коешто на кожата го нанесува секојдневно, додека еднаш неделно токму од маслиново масло прави посебен препарат со којшто исто така се негува, пишува The Sun.
Родена во Франција, таа ја започнала својата кариера со 28 години, што за таа индустрија се смета за екстремно доцна, но се пробила дури кога имала 45. Таа тврди дека маслиновото масло е најголемата тајна за нејзиниот изглед, а додава и дека секојдневно ужива во оброци богати со хранливи супстанци.
– Медиумите сакаат да нè уверат дека за совршена кожа ни требаат секакви чуда, но тоа не е вистина. Пораснав во опкружување во коешто маслиновото масло се употребува за готвење, а се користело и за косата и за кожата – и ништо повеќе, изјавила таа во разговорот за Daily Star Online.
Роси се колне дека за нејзината фигура е заслужна единствено само здравата исхрана. Секој ден консумира по едно авокадо, а смрзната и брза храна вели дека не јаде воопшто. Нејзината диета главно се базира на зеленчук, квалитетна риба и месо, како и овошје и јаткасти плодови.
Ново на Сител
-
Невозможно е за осум месеци од македонското здравство да направите норвешко или шведско, вели Таравари
-
Трамп: Тој што ја спасува својата земја не прекршува никакви закони
-
Одложена е исплатата од Планот за раст на ЕУ за земјите од Западен Балкан
-
Пожар во магацин за производство на полиестер во Врапчиште, повреден пожарникар
-
Уапсен 38-годишен маж од Штип, пронајдена дрога
-
Последен ден од Минхенската безбедносна конференција
-
Најстудено утро на Попова Шапка и во Маврови Анови, во Гевгелија најтопло
-
Николоски ќе присуствува на дочекот на првиот чартер лет на „Freebird Airlines“ на аеродромот во Скопје