На 26 септември се очекува гласање за прием на Косово во Интерпол

На 26 септември косовскиот премиер во заминување Иса Мустафа ќе учествува на Собранието на Интерпол што ќе се одржи во Пекинг.
На дневен ред на состанокот во главниот град на Кина се очекува да биде и гласањето за членство на Косово во меѓународната полициска оганизација, објави косовската државна телевизија РТК2.
- Членството не зависи од нас, зависи од останатите членки на Интерпол. Во Извршниот комитет на Интерпол се и земји членки кои не го признале Косово, изјави Мустафа на седница на косовската Влада.
Косовскиот премиер смета дека треба да се биде оптимист за влез на Косово во Интерпол, каде за прием потребна е поддршка од две третини од вкупниот број членки.
Паралелно со лобирањето на Косово за членство во Интерпол, српската дипломатија врши притисок земјите членки на собранието да гласаат против негов прием во организацијата.
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
