На 23 јули референдум во Дојран за „Казандол“
Жителите на општина Дојран на 23 јули на локален референдум ќе се изјаснат дали се „за“ или „против“ продолжување со работа на рудникот „Казандол“ кој се наоѓа на територијата на соседната општина Валандово и дали се „за“ или „против“ отворање на рудници за металични суровини на територијата на општина Дојран.
Општинската изборна комисија веќе ги има почнато подготовките за успешно спроведување на референдумот во екот на туристичката сезона, а според претседателот Митко Андонов, од денеска до петок на јавен увид во просториите на општината е истакнат избирачкиот список.
- Околу 2.900 жители со право на глас, во недела од 7 до 19 часот ќе имаат можност на 8 избирачки места да ја изразат својата волја во однос на двете референдумски прашања. Привршуваат последните подготовки околу формирање на избирачките одбори, до кои избирачките списоци ќе бидат доставени еден ден пред гласањето, изјави денеска Андонов кој очекува референдумот во општина Дојран да мине во најдобар ред.
Ново на Сител
-
Тема на денот за придобивките од членството во НАТО
-
Едно лице задржано во полиција по убиството во Тетово
-
Почна посетата на Вашингтон на владината делегација предводена од Мицкоски
-
Фрчковски повикан на консултации во МНР
-
Симовски: Бројките од пописот во Албанија се резултат на интензивна бугарска пропаганда
-
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
-
Фестивалски викенд во Кратово „Златни денови 2024”
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат