На 21 декември ќе престане со работа Хашкиот трибунал
Церемонијата за затворање на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, ќе се одржи на 21 декември во Хаг, а 10 дена подоцна тој официјално ќе прекине со својата работа, информираат неименувани извори од Трибуналот.
До крајот на ноември Трибуналот во Хаг треба да ги заврши сите случаи на воени злосторства на прва и втора инстанца. Пресудата за поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, ќе биде објавена на 22 ноември, а последната одлука по жалба на пресудата - на 29 ноември.
Советот за безбедност на ОН создаде Меѓународен механизам за преземање на нерешените дела на Трибуналот, вклучително и случајот на Ратко Младиќ, ако пресудата биде обжалена.
Меѓународниот трибунал за Југославија беше формиран на 25 мај 1993 година со резолуција на Советот за безбедност на ОН, а веќе 24 години тој води дела против 161 обвинет, од кои повеќе од половината беа Срби. и
Ново на Сител
-

Последната група од ОАЕ пристигна на скопскиот аеродром
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Опозицијата ќе поднесе предлог закони за ублажување на кризата
-

Ацо Ристов чекор поблиску до претседател на Регулаторната комисија за енергетика
-

ВМРО-ДПМНЕ: Синдикалниот протест организиран од СДС и ССМ доживеа дебакл
-

Шилегов и Филипче меѓусебно се обвинуваат за соработка со Мицкоски
-

Јавна расправа за новиот закон за обвинителство
-

Малолетници и пиротехника без контрола: Потфрлило обезбедувањето во „Пулс“?
