На 16 април во Скопје хуманитарен натпревар ќе одиграат Вардар и Црвена ѕвезда
Поранешниот европски и светски фудбалски шампион Црвена ѕвезда и најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе одиграат хуманитарен пријателски натпревар.
Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски и директорот на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ се договорија двата клуба да се сретнат во Скопје на 16 април.
– ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег. Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден. Исто така изразуваме голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена yвезда, Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл, објави синоќа ФК Вардар.
Средствата собрани од натпреварот ќе бидат донирани за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
На прес-конференција во текот на вчерашниот ден и селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ-Пикси предложи одигрување на хуманитарен натпревар меѓу Србија и Македонија за настраданите од трагедијата во која загинаа 59 лица а повеќе од 150 се повредени.
Ново на Сител
-
Митрополит г. Петар: Господ да стави рака и да прекрати секаква рана, секаква болка и тага
-
Стабилна е состојбата на повредените во пожарот во Кочани
-
Во Берово утрово - 4 степени, дневната температура од 14 до 20 степени
-
Протест во Анкара поради апсењето на градоначалникот на Истанбул
-
Истрага против три лица за трговија со пет килограми марихуана
-
Од руско заробеништо вратени 4.306 украински војници
-
„Солун во молк за Кочани“ – точно напладне собир на солунскиот плоштад
-
Лишен од слобода возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров