На 11 места имало прекин повеќе од еден час, на шест избирачки места се гласа на стариот начин
Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференцијата информираше дека на 11 места имало прекин повеќе од еден час каде што имало сериозни технички проблеми.
- Сега за сега нема прекин на гласањето повеќе од три часа, соопшти Даштевски.
Даштевски соопшти дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј.
- Генерално на повеќето гласачки места состојбата е добра. На шест избирачки места се гласа на стариот начин, бидејќи знаеме дека има и некои технички проблеми. На пример, не може ни да се стигне да се смени апаратот бидејќи треба специјално теренско возило за тоа избирачко место, а се работи за мал број на гласачи, рече Даштевски.
Едното вакво место е во Старо Нагоричане, се работи за планинско место, треба да се стаса со теренско возило, а има само 15 гласачи. Поради тоа, тој како што кажа, потпишал решение да се гласа на стариот начин.
Ново на Сител
-
457 лица заа 3 години загинале во сообраќајки во Македонија
-
Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски
-
Путин нема да присуствува на мировните разговори со Украина во Истанбул
-
Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата на влезот на судот во Нови Сад
-
Најмалку 21 лице загина во сообраќајка во Мексико
-
Рама: Албанија три дена ќе биде центар на Европа
-
Без струја делови од Центар, Аеродром, Сарај и Бутел
-
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крај на денот локални врнежи од дожд