Македонија
17. October 2021 - 14:15

На 11 места имало прекин повеќе од еден час, на шест избирачки места се гласа на стариот начин

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски на прес-конференцијата информираше дека на 11 места имало прекин повеќе од еден час каде што имало сериозни технички проблеми.

- Сега за сега нема прекин на гласањето повеќе од три часа, соопшти Даштевски.

Даштевски соопшти дека на шест избирачки места се гласа на стариот начин со УВ ламба и со спреј.

- Генерално на повеќето гласачки места состојбата е добра. На шест избирачки места се гласа на стариот начин, бидејќи знаеме дека има и некои технички проблеми. На пример, не може ни да се стигне да се смени апаратот бидејќи треба специјално теренско возило за тоа избирачко место, а се работи за мал број на гласачи, рече Даштевски.

Едното вакво место е во Старо Нагоричане, се работи за планинско место, треба да се стаса со теренско возило, а има само 15 гласачи. Поради тоа, тој како што кажа, потпишал решение да се гласа на стариот начин.