МЗТ Скопје убедливо поразен од Слобода Ужице во АБА 2
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром доживеаја убедлив пораз попладнево од Слобода Ужице од 81:67, во вториот натпревар на турнирот во Бања Лука во рамки на АБА 2 лигата.
Македонскиот првак добро го отвори натпреварот и на средина од првата четвртина имаше осум поени предност (18:10) што противникот постепено ја анулираше за израмнети 37:37 на полувреме.
Српскиот тим го отвори второто полувреме со серија од 10:3, искористувајќи го падот во играта на МЗТ Скопје за двоцифрена предност (62:49) на крајот од третата четвртина.
Последниот период од натпреварот не донесе резултатска промена за на крајот убедлив пораз од 14 поени разлика за МЗТ Скопје Аеродром.
Најефикасни во редовите на скопскиот тим беа Гравет (24 поени) и Олуџоби (19).
По шест одиграни натпревари во регионалната АБА 2 лига, кошаркарите на македонскиот првак имаат ефект од четири победи и два порази. Последниот меч на турнирот во Бања Лука тимот на Ѓорѓи Кочов ќе го одигра в недела од 21 часот против лидерот на табелата Студентски центар од Подгорица.
Ново на Сител
-
Скопјани утрово дишат најзагаден воздух во Европа
-
Најстудено утрово во Берово, најтопло во Дебар
-
Препораки од ИЈЗ за граѓаните за најавениот прекин на вода во Скопје
-
Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци, откажан летот Скопје – Истанбул
-
Мицкоски: Aко билатералните разговори се однесуваат на идентитетски прашања процесот не може да заврши успешно
-
Најмалку две лица повредени во ракетни удари врз Киев
-
Стејт департмент: Американски претставници пристигнаа во Сирија за да разговараат директно со новите власти
-
Италијанскиот суд ќе донесе пресуда против вицепремиерот Салвини за блокирање брод со мигранти во 2019 година