Кошарка
16. January 2016 - 15:12

МЗТ Скопје гостува во Загреб кај Цибона

 
 Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром попладнево гостува во Загреб кај Цибона во натпревар од 20.коло на регионалната АБА лига.
 
Овој натпревар ќе започне до 17 часот и е првиот од трите од денешната програма. Во другите два ќе играат Крка – Партизан и Будуќност - Унион Олимпија. 
 
Во недела ќе се играат средбите, Мега Лекс – Тајфун и Задар – Цедевита, додека колото ќе биде комплетирано во понеделник со дуелот Црвена Звезда – Металац. 
 
Вчера во првиот натпревар од ова коло Сутјеска загуби од Игокеа со 72-83. 
 
Табела: Будуќност 17-2 (победи-порази), Цедевита 15-4, Црвена Звезда 14-5,  Мега 12-7, Игокеа 8-12, МЗТ Скопје Аеродром 8-11, Цибона 8-11, Крка 8-11, Металац 8-11, Сутјеска 7-13, Олимпија 7-12, Партизан 7-12, Тајфун 7-12.