-->
-->
МЗТ Скопје го победи Работнички за крај на 2015-та
-->

Екипата на МЗТ Скопје го доби победи големиот градски ривал Ранотнички и триумфални за заврши 2015 година.
Во последниот меч од 12 коло на Првата македонска кошаркарска лига, воедно последен и во оваа календарска година, актуелниот, актуелниот шампион МЗТ го победи Работнички со 86-75 по четвртини 16:19, 24:24, 17:33 и 18:10.
На средбата одиграна во салата „Градски парк’’ во Скопје, кошаркарите на МЗТ до десетата победа во првенството, стигнаа благодарение на убедливата разлика од 16 поени со која ја добија третата четвртина (33:17).
Ѓорѓе Дреновац со 27 поени беше најефикасен во победничката екипа, за која Дамјан Стојановски реализира 18 поени.
Во редовите на домаќинот најефикасни беа ветераните, Ѓорѓи Чековски со „дабл-дабл“ учинок од 23 поени и 11 скокови, како и Димитар Мираковски кој покрај 20 поени имаше и 10 асистенции.
На останатите натпревари од ова коло одиграни претходно, Куманово – Струмица 94-53, Фени Индустри - Карпош Соколи 80-86 и Кожув – Бест 82-69.
По ова следува пауза до 16 јануари за кога е предвидено 13.коло.
Табела: Карпош Соколи 10-2 (победи-порази), МЗТ Скопје 10-1, Куманово 7-5, Кожув 6-6, Работнички 5-7, Фени Индустри 6-5, Струмица 3-8 и Бест 0-12 .
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата бара Китановиќ да го повлече ставот за Младиќ или да си поднесе оставка
-

СДСМ бара транспарентност за дата-центрите, ВМРО-ДПМНЕ уверува дека носат развој
-

„Градски воз“: За 25 минути од Зелениково до Железничка - едносмерен билет 40, повратен 70 денари
-

Успешна туристичка сезона во Дојран
-

Недостигаат хотели со поголеми капацитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
