Кошарка
4. October 2017 - 13:10

МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи ја отвораат сезоната во мак-баскетот

 

Новата сезона до домашниот кошаркарски шампионат ќе го донесе и првото дерби. Во рамките од првото коло ждрепката посака да се сретнат минатогодишните финалисти МЗТ Скопје Аеродром – Карпош.

Денеска во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа ждребот за паровите во првото коло за претстојната натпреварувачка сезона (2017/2018) во Првата лига (мажи).
 
Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од првенството.
 
Од минатата сезона остануваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, вицешампионот и освојувачот на државниот Куп за оваа година Карпош Соколи, Работнички, Куманово, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув.
 
Од Втората лига промоција добија екипите на Гостивар и на Радовиш, но на местото на Радовиш ќе се натпреварува Блокотехна.
 
Со проширување на Првата лига од 10 на 12 екипи, место во кошаркарската елита на Република Македонија добија Пелистер и Шкупи.
 
ДВОЈКИ ПРВО КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи
Пелистер – Шкупи
Фени Индустри – Гостивар
Струмица – АВ Охрид
Кожув – Блокотехна
Куманово - Работнички