МЗТ го доби вечното дерби против Работнички
МЗТ Скопје славеше победа со 70-56 (48-28) во вечерашното вечно дерби против Работнички.
Дуелот беше прекинат на самиот почеток од втората четвртина, откако беа фрлени голем број петарди и чадни бомби на паркетот, што беше причина прво кошаркарите од Аеродром да се повлечат во соблекувалната, а потоа истото да го сторат и домашните играчи. Прекинот траеше речиси час и пол а кошаркарите се вратија на теренот откако полицијата ја испразни салата.
Што се однесува до натпреварот, на паркетот уште од почетокот имаше еден тим, а тоа беа аеродромците. МЗТ уште по првата четвртина имаше 20 поени предност, разлика која беше и на полувремето. Во вториот дел тимот од Градскиот парк не успеа да ја поправи сликата, па на тој начин МЗТ запиша уште една победа во дуелите на двата големи ривали.
Mилош Копривица со 15 поени беше прво име кај МЗТ, додека кај поразените Стојан Ѓуровски заврши со 12 поени.
Ново на Сител
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба
-
Кривична против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за штета на Буџетот од 31 милиони денари
-
Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано