МЗШВ:Каналите редовно се чистат
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во демант на изјавата на Љупчо Николовски од СДСМ наведува дека тој шири клевети, манипулации и дезинформации, надевајќи се притоа на политички поени, дури и врз маката на луѓето од поплавениот скопски регион.
Обвинувањето дека биле неисчистените каналите за одводнување на потегот Камник-Синѓелиќ-Стајковци-
Пако што посочуваат во интерес на објективното информирање ќе појаснуваат дека тие редовно се чистат и се работи за дренажни канали.
- Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство уште еднаш ќе повтори дека, секое водостопанско претпријатие определува надзор кој на терен ја следи и потврдува извршената работа. Сите извештаи за времени ситуации, покрај надзорот, ги потпишува и изведувачот на работите, директорот на водостопанското претпријатие и директорот на Управата за водостопанство при МЗШВ, стои во демантот.
Во него се додава дека покрај законската постапка која се спроведена во целост, министерот Михаил Цветков пред исплатата на средствата дополнително формира Комисија за проверка на изведени работи поврзани со чистењето на каналите за одводнување и наводнување во чиј состав покрај членови од МЗШВ, има и членови од други надлежни државни институции.
- Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој веќе одговори дека „главните забелешки се корегирани за што сведочи и изјавата на Главниот државен ревизор, дека во ниеден дел од извештајот не е наведено дека средствата се исплатени неправилно, незаконски и не е наведена сума на злоупотребени средства, како и тоа дека Агенцијата работи согласно важечките законски и подзаконски прописи и акти, што е потврдено од страна на сите досегашни ревизии извршени од Европската комисија, надворешните независни ревизии, како и од страна на државниот ревизор“, Николовски повторно со желба да се слика и појавува во јавност, зборуваше за наводно сомнително исплатени три милиони евра преку Програмата за рурален развој, стои во демантот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ново на Сител
-
Светски ден на слободата на медиумите – 3 мај
-
Сител анализа: Зошто жените заработуваат помалку од мажите?
-
„Од врата до врата” за поголем опфат со вакцини и избегнување на епидемија со морбили
-
Родителите мора да ја почитуваат реонизацијата при запишување на првачињата
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур