МЗШВ: Се подготвуваат мерки за стабилизирање на откупот на сливи

Тим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска во Радовиш одржа работен состанок со производителите и откупувачите на сливи, на кој разговараа за состојбата со откупната цена со цел да се најде решение од заеднички интерес за стабилизирање на откупот.
Како што соопшти МЗШВ, на состанокот се разгледувале и можностите за развивање на пазарот на слива во Македонија. Производителите и откупувачите ги изнеле своите предлози кои ќе бидат разгледани од МЗШВ.
- Владата преку МЗШВ навреме ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки за стабилизирање на откупот, исто како што годинава се реагираше за доматите, а минатата година за лубениците и за праските. Во таа насока, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе размислува за воведување на интервентна мерка за стабилизирање на откупот на сливите, соопшти МЗШВ.
Министерството посочува дека согласно со поднесените барања за директни плаќања за површини со сливи за 2018 година, пријавени се 2788 лица со вкупно пријавена површина од 2121 хектари. Просечните приноси за 2018 година се 20 тони од хектар.
Во годинашната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, производителите на сливи имаат можност да аплицираат за субевнеција од 3 денари за килограм предадени сливи во преработувачки капацитети.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
