Македонија
15. May 2016 - 15:31

МЗШВ ги отфрли обвинувањата на Николовски за „јапонската помош“

Министерствотото за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги отфрли денешните обвинувања на дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски.

Во писмената реакција, МЗШВ потсетува дека министерот Михаил Цветков веднаш по стапувањето на должност формираше посебна комисија за „јапонската помош“.

- Бидејќи се работи за обемен материјал, а имајќи предвид дека средствата за јапонската помош се реализирани преку неколку јавни повици, почнувајќи од 1997 година, потребен е подолг период за прибирање валидна  документација. Комисијата е при крај со работата, што значи дека наскоро ќе се има целосен увид во документацијата, по што и ќе ги објавиме официјалните информации, наведува Министерството.

Според МЗШВ, најголемите злоупотреби на „јапонската помош“ се направени во периодот 2002-2004 година, кога министер за земјоделство бил Славко Петров од СДСМ. - Во тој период, Владата предводена од СДСМ додели 50-ина трактори на нивни блиски, без за тоа да постои валидна документација, стои во реакцијата на МЗШВ.