МЖСПП: Надминат прагот на алармирање за аерозагадување во Кичево

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри - надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови, е надминат на мерното место - Кичево.
- Прагот на алармирање е дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели - Службен весник на Република Македонија број 183 од 14.12.2017 година, се наведува во соопштението на МЖСПП.

Согласно настанатата состојба, за Кичево важат неколку мерки.
- Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на инсталациите со А - интегрирана еколошка дозвола. Да се интензивираат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на инсталациите со Б - интегрирани еколошки дозволи и елаборати. Инсталациите со континуиран мониторинг да овозможат јавен пристап на измерените податоци. Да се интензивираат вонредните контроли на техничката исправност на возилата, особено оние со дизел горива и нерегистрирани возила. Да се интензивираат вонредните контроли на градилиштата. Забрана на горење на отворено, се додава во соопштението.
Се препорачува на сите правни субјекти - работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Потоа, се препорачува на сите правни субјекти - работодавци да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот. Исто така, се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
Ново на Сител
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
-

Жештините ја зголемија потрошувачката на струја
-

Му го пресекол патот па избегал, ОЈО бара мерки на претпазливост за сообраќајката во Радишани
-

Зголемен број на повредени во сообраќајќи и скршеници поради колабирања бележат во Ургентен на Клинички
-

Подобрена е состојбата на повредениот пациент во Турција кој вчера беше транспортиран на Клинички
