МЖСПП: Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана, состојбата во фабриката е под контрола и дека нема место за паника
Излеаната течност во ОХИС е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста, соопшти вечерва Министерсвото за животна средина и просторно планирање, информирајќи ја јавноста дека состојбата во фабриката е под контрола и дека нема место за паника.
-Пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена. Надзорот на локацијата ќе продолжи и утре, информираат од МЖСПП.
Истекувањето се случило во кругот на Органско Хемиска Индустрија “Наум Наумовски Борче”, каде правен субјект од Скопје препакува и отстранува историски отпадни хемикалии во течна состојба кои се неупотребливи и останати од поранешната фабрика, а кои ќе се извезуваат во странство. Истечена е вода од цистерна во која бил претходно складиран метил акрилат мономер. Откако е испразнета цистерната, фирмата имала обврска истата да ја исчисти. При перењето попуштил вентил и течноста се излеала во бетонска када која е надвор од објектот и затоа се почувствувала непријатна миризба во околината.
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат